| |

Голем дел од прилепските граѓани ги користат, меѓутоа колку клима уредите се препорачливи за летниот период?

Сподели го ова:


























Клима уредите создадат пријатни услови особено во овие жешки денови, меѓутоа од нивното користење може да има голем број на негативни последици кои можат да бидат избегнати доколку клима уредот се користи на правилен начин, бидејќи во спротивно кај човекот како последица на се може да се појават хроничен синузитис, вкочанети мускули, тешки главоболки и слично. Во овој летен период за полесно справување со екстремно високите температури многумина уживаат во благодатите на клима-уредите.

Претходно наведените здравствени проблеми ги погодуваат сите возрасни групи, при што битно е да се нагласи дека ваквите проблеми се јавуваат како последица од употребата на климите во летните денови. Многу битно е да се знае дека разликата меѓу надворешната и внатрешната температура не смее да биде преголема, односно самата таа не смее да биде од 7 до 10 степени за разлика од онаа температура надвор, бидејќи ако не се применува ова правило, тогаш во таков случај организмот нема да може да се приспособи на наглата промена на температурата, при што може да настане шок на самиот органзиам.

Кој е најздравиот начин за престојување во климатизирана просторија? Одговорот е сосема едноставен, потребно е собата претходно да се олади, а откако ќе се влезе во собата климатизерот треба да се изгасне. Веднаш кога од собата се планира да се излезе надвор потребно е пред излегување неколку минути да му се дозволи на организмот да се приспособи без вклучен клима-уред. На ваков начин организмот ќе се справи полесно да го поднесе шокот од високите температури.




Сподели го ова:

Слични објави