Проданоски: Овој ден е нашата историја, нашата гордост и нашиот завет

Сподели го ова:





























Измина над 30 години кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, а нашата Татковина, Република Македонија ја прогласи својата независнот. По повод Денот на независноста на нашата земја, актуелниот пратеник во собранието на Р.Македонија и кандидат за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски со дел неговиот тим положија свежо цвеќе пред спомениците во градот. Воедно, Проданоски упати честитка до сите прилепчани во која се вели:

Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста! Овој ден не е само датум во календарот. Овој ден е нашата историја, нашата гордост и нашиот завет. Тоа е денот кога Македонија стана своја на своето – со крвта, потта и сонот на генерации кои знаеја дека нема поголемо богатство од слободата. Нашите предци не ни ја подарија државата – тие ја создадоа со жртви, со непокор и со вера дека ќе има иднина за македонскиот народ. Нам ни ја оставија во аманет – да ја чуваме, да ја браниме и да не дозволиме никогаш да биде понижена, продадена или заборавена. Независноста не е привилегија – таа е обврска. Обврска да го чуваме македонскиот јазик, да ја браниме нашата култура, да изградиме општество во кое ќе владее достоинството, правдата и слободата. Да ја чуваме Македонија не само во срцето, туку и во делото, во секојдневната борба за подобро утре. Да живее Република Македонија! – истакнува Проданоски во својата честитка по повод денот на независноста на Република Македонија.




Сподели го ова:

Слични објави