Кавадарци на гостите од цела Македонија им приреди вистински спектакл за паметење!
И вчера вечерта, Кавадарци гореше од одлична музичка забава! Годинешниот “Тиквешки Гроздобер” заврши со одличен концерт на Харис Џиновиќ и Марија Шерифовиќ. Општина Кавадарци и оваа година на гостите од цела Македонија им приреди вистински спектакл за кој уште долго ќе зборува!


Имено, одличната музичка програма на Тиквешки Гроздобер 2025 привлече гости од цела Македонија, а оваа година програмата се состоеше од македонски пејачи, како и музички ѕвезди од регионот. Впрочем изминатите три дена во Кавадарци имаше забава за сите генерации, а со самото тоа беа задоволени сите музички вкусoви.

Колку за потсетување, на годинешниот Тиквешки Гроздобер, во трите фестивалски денови настапија голем број на докажани музички имиња како што се Тајзи, Наташа Беквалац, Харис Џиновиќ, Куку Леле, како и незаменливата Евровизиската победничка Марија Шерифовиќ.


















