ЧЕСТИТ ПРАЗНИК МАКЕДОНЦИ! Нека ни е честит денот на Независноста, со желби за уште подобра иднина и просперитет за нашата земја и за сите граѓани кои што живеат во неа

Сподели го ова:


























Ако во 1991 година-пред 33 години, се гласаше ЗА самостојна и суверена држава, денеска ние како народ треба да ги чуваме и негуваме сите тие драгоцени спомени, бидејќи говорат за едно време во кое започна да се крои независноста и слободата.

Измина 33 години, кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, а нашата Татковина, Република Македонија ја прогласи својата независнот. Во историски контекст краток период за една држава, но доволно долг за да ја потврдивме нашата цврста определба за демократска и просперитна Македонија.

Низ сите овие години, нашата земја заеднички минуваше низ голем број на успеси, искушенија, меѓутоа градеше цврст темел и долгогодишни искрени пријателства. Нека ни е честит денот на Независноста, со желби за уште подобра иднина и просперитет за нашата земја и за сите граѓани кои што живеат во неа.

Граѓаните на нашата земја како непресушен вруток на македонската историја, култура и духовност ќе го дадат својот несебичен придонес за просперитетна иднина на сите граѓани. Да ни е среќен и вековит празникот!




Сподели го ова:

Слични објави