Пригодна манифестација организирана од ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп, во соработка со храмот „Св. Петка“

Сподели го ова:





























Денес, по повод одбележувањето на Денот на просветителите – 24 Мај, Св. Кирил и Методиј, се одржа пригодна манифестација организирана од наставниците и учениците од ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп, во соработка со храмот „Св. Петка“.

Настанот се одржа во дворот на храмот „Св. Петка“ и беше исполнет со културно-уметнички содржини, подготвени од учениците. Преку рецитали, песни и изведби посветени на светите браќа Кирил и Методиј, беше испратена силна порака за значењето на писменоста и просветителството.

Манифестацијата ја посетија претседателката на Советот на Општина Прилеп, заедно со претставници од општинската администрација, кои упатија честитки и поддршка за наставниците, учениците и родителите, нагласувајќи ја важноста на образованието како темел на општествениот развој.

Општина Прилеп упати честитки по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, со желба за натамошни успеси и негување на духовното и културното богатство.




Сподели го ова:

Слични објави