Погледнете! Весел музички ден во прилепското музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“
Денеска прилепскиот градоначалник беше дел од прекрасната атмосфера во музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“.Ова училиште со години претставува гордост на нашиот град и вистински извор на талентирани ученици кои со својата дарба ја збогатуваат културната сцена.

Со задоволство ги посетивме младите музички таленти и првачињата и одблиску се уверив во нивната љубов и посветеност кон музиката.Голема благодарност до професорите и раководството на училиштето за нивната посветена работа. Како Локална самоуправа, остануваме силен поддржувач на образованието и културата, затоа што веруваме дека само со заедничка работа можеме да создадеме подобри услови за нашите најмлади уметници.Заедно продолжуваме да градиме иднина исполнета со музика, инспирација и успех! – порача прилепскиот градоначалник.


















