Утре, 23-ти мај е Национален ден за Власите – 120 години од признавање на Власите како посебен народ
Утре, петок (23 мај), во МНТ во Скопје, со почеток од 18h ќе биде одржана Свечена академија и одбележан значаен јубилеј – 120 години од Националниот Ден на Власите. Настанот ќе биде одбележан под слоганот „120 години – Столб на балканската историја, сегашност и иднина“. Настанот е во организација на Министерството за односи меѓу заедниците во соработка со влашките здруженија, културни институции и јавни организации.
Оваа манифестација претставува можност да се прослави истрајноста, идентитетот и културното богатство на влашкиот народ, кој преку генерации оставал длабок печат во општествениот развој на Македонија.


















