ВИДЕО: Моќен говор на Милевски кој ги обедини неговите битолчани: Продолжуваме со работа, со забрзано темпо, со уште поголема решеност Битола дa биде општина каква што посакуваме
Вечерва, пратеникот и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Битола, Пеце Милевски, пред отпочнувањето на изборниот молк имаше свое обраќање во Битола, обраќање кое беше проследено со моќен говор, говор кој пренесува искрена – силна порака до неговите сограѓани:
“Вечерва не сме овде да ви кажеме за кого да гласате! Вечерва не сме овде ЗАЕДНО – за да трошиме време и енергија на споредни ликови кои политиката ја разбираат – ама не до крај, просечни импровизатори и вечни критизери. Тие мислат дека политиката е игра и личен профит, богатење, лична слава, популарност, мислат дека политиката е Фејсбук, жолта и црна кампања.
Но, за тоа толку – до таму стигнале таму и ќе останат!
Вечерва сме овде пред одлуката за да потврдиме дека нашиот четиригодишен цврст заеднички договор за Битола, за сите вас, за нашите деца, за нашите родители има веќе финален облик и продолжуваме! Продолжуваме со работа, со забрзано темпо, со уште поголема решеност Битола дa биде општина каква што посакуваме. Овој наш договор е поставен на доверба, се потпира на знаење, посветеност и многу работа.
Покажавме дека знаеме, покажавме дека можеме, покажавме дека заедно победуваме !!! Тони Коњановски е нашиот човек! Нашата Советничка листа е победничка!
Во недела СИТЕ ЗАЕДНО ЗА БИТОЛА! Бидете ми живи и здрави, да живее ВМРО-ДПМНЕ, да ни е вечна Македонија, да ни е вечна Битола. Во недела пак ќе бидеме заедно – за заедно да го отпочнеме новиот циклус на развој, просперитет и многу убави денови за сите во Битола!” – порача пратеникот и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Битола, Пеце Милевски во неговиот говор кој наиде на огромна поддршка од присутните кои го поздравија Милевски со огромен аплауз.
















