Денес во Прилеп се потпиша договор за набавка на ново противпожарно возило за ТППЕ-Прилеп

Сподели го ова:





























Денес во градот под Марковите Кули, беше потпишан договор за набавка на ново противпожарно возило за ТППЕ-Прилеп. Со самото тоа беше одбележан и денешниот ден на пожарникарите, а по тој повод учениците од ОУ „Кочо Рацин“, со своја подготвена програма му дадоа свечен и достоинствен белег на денешниот настан.

По повод одбележувањето на овој значаен ден, ја посетивме Територијалната противпожарна единица – Прилеп, каде што заедно со пожарникарите разговаравме за нивната работа, предизвиците и потребите со кои секојдневно се соочуваат во служба на граѓаните. Со особено задоволство денес го најавивме и потпишувањето на договор за набавка на ново противпожарно возило – клучна инвестиција за зголемување на капацитетите за брза и безбедна интервенција. Овој проект е реализиран преку Министерството за локална самоуправа, со вкупна вредност од 8,5 милиони денари, при што Општина Прилеп учествува со значителни 3,5 милиони денари. Во моментов е во тек и редовна постапка за набавка на нова заштитна опрема за нашите пожарникари – затоа што нивната безбедност, подготовка и опременост се наша заедничка одговорност и приоритет. Сакам да изразам благодарност и до учениците од ОУ „Кочо Рацин“, кои со својата подготвена програма му дадоа свечен и достоинствен белег на денешниот настан.Дозволете ми, во мое лично име и во име на сите граѓани на Општина Прилеп, да изразам огромна благодарност и почит до сите пожарникари – за вашата пожртвуваност, храброст и професионалност. Вашата уработа е симбол на хуманост, всолидарност и заштита. Како локална самоуправа, и понатаму ќе вложуваме во подобрување на условите за работа на нашата Противпожарна единица – во опрема, возила, обука и повисоки стандарди за сите припадници на оваа благородна служба. Ви го честитам Денот на пожарникарството со желби за добро здравје, безбедни интервенции и – што е најважно – што помалку работа! – порача Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави