ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на сите наши сограѓани им го честита големиот христијански празник Василица – Православна Нова година
Во духот на христијанските пораки за благосостојба, мир и разбирање, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на сите наши сограѓани им го честита големиот христијански празник Василица, Православна Нова година.

Посакуваме овие празнични мигови да донесат многу здравје и неизмерна радост во сите домови. Оваа година во традиционалното вртење на бурекот со паричка најсреќен беше Златко Ристески. Нека е за многу години големиот христијански празник! – порачаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.















