„Пееме за Кочани“- Хуманитарен концерт за семејствата на повредените и починатите во кочанската дискотека
Тамара Тодевска ќе организира хуманитарен солистички концерт за поддршка и помош на семејствата на починатите и повредените во трагедијата во Кочани.
Концертот ќе се одржи на 08 мај со почеток од 20:00 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје.
Сите финансиски средства од продажбата на билетите, ќе бидат за семејствата на починатите деца, како и за сите повредени во трагедијата.

















