УХМР: Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд
Денеска претпладне времето ќе биде облачно со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува, а во текот на денот ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 11 до 17 степени.
Утре до пладне, исто така ќе имаме сончево време со умерена облачност, а попладне променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

















