Здравјето пред сѐ! Владата ќе забрани рекламирање и промоција на тутунски производи
Со новиот предлог-закон за заштита од пушење, се предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија.
Лесната достапност и видливоста на производите го зголемуваат бројот на нови корисници, особено меѓу децата и младите а намалувањето на видливоста, е една од најефикасните мерки за превенција. Заштитата на децата е апсолутен приоритет – истакна министерот за здравство Азир Алиу.
Овие законски одредби кои ќе важат за тутунската индустрија, ќе ги забранат рекламните објави во медиуми, на интернет и социјални мрежи.


















