Министерот Љутков: Нека светлината на Бадник ја осветли патеката кон нови успеси и радости во новата година
Како велат: “Кај и да си – за Божик дома да си”. Божик е празникот кога целото семејство се собира на заедничката – семејна трпеза, за да го најави Христовото раѓање. По повод Бадник, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, упати искрена емотивна порака до граѓаните на нашата земја, во која се вели:

“Нека светлината на Бадник ја осветли патеката кон нови успеси и радости во новата година.
Да ги споделиме вредностите на единство, почит, разбирање и да ја чуваме нашата традиција. Нека бадниковиот оган ја згрее нашата душа и не потсети на важноста на заедништвото и љубовта, мирот и топлината во домот.
Среќен Бадник!” – порача министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.


















