Зар не се преслатки! Две братчиња и сестричка родени во Болницата Плодност

Сподели го ова:





























Две братчиња и сестричка, вчера за Бадник се родија во Болницата Плодност. Со голема храброст и љубов, мајката на свет донесе три мали ангели, на ден кој симболизира љубов, семејство и заедништво. Таа е во одлична здравствена состојба, пресреќна и благодарна што на свет донесе ваков благослов.

Со методите на асистирана хумана репродукција (АРТ), пациентката имаше успешно изведена инсеминација – која помогна во остварувањето на овој прекрасен момент. „Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот,“ вели прим. д-р Таше Трпчевски. Денес сме сведоци на едно од најубавите чуда што медицината и животот можат да ги подарaт. Нека празничната магија продолжи во нивниот дом! “- се истакнува во објавата на Болницата Плодност.




Сподели го ова:

Слични објави