ГО ФАТИЛЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО КАКО ПРЕДИЗВИКУВА ПОЖАР! Приведено е лице поради предизвикување на пожар
Сподели го ова:
Како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, денеска (21.07.2024) по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека НН лица ја палат депонијата која се наоѓа на патот с.Горно Оризари – с.Клуковец, веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ПС-ОН Велес, при што е затекнат С.Ц. од с.Горно Оризари како пали две седишта од автомобил, а во непосредна близина е предизвикан пожар при што е опожарена сува трева.
Од страна на полициските службеници С.Ц. е лишен од слобода, а предизвиканиот пожар е изгасен.По насоки на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело “предизвикување општа опасност” по чл.288 од КЗ.Министерството за внатрешни работи продолжува со активностите под оперативната акција „Пожар 2024“ и апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа.
Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми. Ако граѓаните забележат било какво сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112.
Под мотото ,,Чиста околина – зелена иднина”, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа еколошка акција за пошумување на локации низ цела Македонија, се наведува во нивното соопштение. Целта на оваа акција е да се подигне свеста, но и директно да се придонесе кон зачувувањето на животната средина. Со садењето на илјадници садници низ…
Според прогнозите, во наредните денови најавени се снежни врнежи и значителен пад на температурите. РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила и задолжително правилно користење на зимска опрема. Направете проверка на возилото и почитувајте сообраќајните правила и прописи – информирајте се навреме за состојбата на патиштата, прилагодете ја брзината и…
Тетовчани ќе се смеат на секои 5 секунди! “Солза и смеа” доаѓаат во Тетово со најновото комично шоу, кое ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во овој град. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – и тоа во зголемен, проширен состав со нивната…
На 54-годишна возраст почина прилепската фудбалска легенда на ФК Победа, Николче Здравески. На социјалните мрежи, граѓаните и фановите на ФК Победа упатуваат последен поздрав до оваа голема спортска легенда. Здравески беше сопруг и татко на две деца. Во текот на својата долгогодишна спортска историја, Здравески беше дел од оној најпознат состав на ФК Победа, односно…
Од наредната учебна 2025/26 година, 6000 ученици од прво до деветто одделение во 10 основни училишта во Општина Прилеп, ќе добијат нови училишни униформи, кои што ќе ги обезбеди Локалната самоуправа на општина Прилеп! Со овој проект, Локалната самоуправа уште еднаш докажува дека се грижи за квалитетот на образовниот процес и создавање подобри услови за…
Денеска (05.09.2023) на автобуската постојка на бул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, од слобода ја лишиле Ц.Б.(24) од Република Бугарија. Таа била фатена при извршување на кражба, при што од чанта на женско лице одзела паричник, меѓутоа освен тој паричник, кај неа бил пронајден уште еден друг паричник…