Прилепскиот црковен храм св. Кирил и Методиј подготвен за Божик, и Божикните празнувања

Сподели го ова:





























Прилепски Параклис, е подготвен за Божикните празнувања и големите христијански празници, кои се во знакот на Христовото раѓање.

РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ЗА БОЖИКНИТЕ ПРАЗНИЦИ во храм СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ (ПАРАКЛИС)- ПРИЛЕП:



НЕДЕЛА(05.01.2025)
– Недела на светите отци, предпразненство на Христовото раѓање, Преп. Наум Охридски – утринска богослужба со златоустова литургија со почеток во 7:00 часот

Понеделник(06.01.2025)
– БАДНИК , преп.мчца. Евгенија – Празнична утринска богослужба , царски часови, изобразителна, вечерна со Василиева литургија , со почеток во 6:00 часот.

Вторник (07.01.2025)
– Рождество Христово – Божик – празнична утринска богослужба со Света Златоустова литургија со почеток во 7:00 часот.

Среда (08.01.2025)
– Собор на Пресвета Богородица – втор ден Божик – утринска празнична богослужба со Света Златоустова литургија со почеток од 7:00 часот.

Четврток (09.01.2025)
– Св. првомаченик и архиѓакон Стефан – празнична утринска богослужба со Света Златоустова литургија со почеток во 7:00 часот, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот преспанско- пелагониски и администратор австралиско- новозеландски г. ПЕТАР.

Вечерните богослужби се извршуваат во 16:00 часот, освен на Бадник – понеделник кога вечерната се служи утрото.

Нека Христовото раѓање ни донесе мир, И љубов во нашите животи.




Сподели го ова:

Слични објави