Прилепски Водовод известува: Пет прилепски улици денеска ќе останат без вода заради санација на дефекти и приклучоци
Водоснабдувањето на ден 27.01.2026 (вторник) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода 308л/с, од кои 264л/с од Студенчица,0л/с од бунари и 44л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:
– ул. Андон Слабејко
– ул. Борка Стеваноски
– ул. Вера Циривири
– ул. Трајко Тарцан
– ул. Киро Пајмакоски
– н.м. Мажучиште


















