Започна 16- та колонија “Дрен 2024”
Да, токму така! Започна 16- та колонија Дрен 2024. Голем број на уметници од земјава и странство, неколку денови ќе творат на 16-та меѓународна ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2024“.
Уметниците, сите овие денови со љубов ќе работат во повеќе дисциплини, а создадените дела ќе бидат презентирани на изложба во НУЦК Марко Цепенков. На годинешната ликовна колонија творат:
Петја Ѓеоргиева од Бугарија,
Небојша Станков,
Среќко Здравковиќ,
Јована Ѓуриќ,
Немања Вучковиќ од Србија, Радица Лелова Докузовска, Александар Таневски,
Светлана Попова,
Суарта Луфи,
Ангел Коруновски,
Валентина Стеваноска и Слободан Милошески од Македонија и прилепчаните Тони Чатлески,
Никола Димески,
Марјан Стојаноски,
Столе Дурланов.