МИЛЕВСКИ: Благодарност за благословот, бодрите зборови, верата, вербата, надежта, благодарност за Божјата закрила до Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар
Во пресрет на претстојните избори, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Битола Пеце Милевски, заедно со неговиот тим се заблагодарија за благословот добиен од страна на г-дин Петар и викарниот архиереј на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА, г. Никола.

“Да се натпреваруваме правејќи добри дела, едни со други.
Само така ќе обезбедиме разбирање, напредок и иднина каква што секој човек, секој граѓанин на Македонија, без исклучок заслужува.
Професорката Гордана Силјановска Давкова со целиот кредибилитет може да биде главниот обединител и стожерот за справување со предизвиците.
Благодарност за благословот, бодрите зборови, верата, вербата, надежта, благодарност за Божјата закрила до Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.
Благодарност за поддршката и до викарниот архиереј на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА, г. Никола.
На Македонија сега и е најпотребно застапништво пред Бога” – истакна Милевски.


















