МОЖНО ЛИ Е?? АРТАН ГРУБИ: СЛЕДНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ПРАВИ АЛИ АХМЕТИ
Артан Груби – министерот за политички систем во емисијата Пресинг на ТВ Клан Македонија, изјави дека идната влада ќе ја формира ДУИ на Али Ахмети како што тој сака.
-Следната влада на Македонија ја прави Али Ахмети и тој ја избира! Имаме мало седиште во Речица и таму сме Кингмејкери во изборните определби. На последните избори отидовме со СДСМ, ја донесоа на власт по повеќе години опозиција. Ние во иднина ќе бараме да имаме мандатар за формирање влада, како и да го избереме претседателот на државата со двотретинско парламентарно мнозинство“, изјави Груби.


















