ЈУ Национален парк Пелистер продолжува со реализација на програмата за еколошка едукација
ЈУ Национален парк Пелистер продолжува со реализација на програмата за еколошка едукација, преку која во изминатиот период беа реализирани активности со вкупно 125 учесници во првите два дена, а програмата активно продолжува и понатаму.
Во последната реализирана посета учествуваа 135 ученици и вработени, во рамки на кои беа спроведени едукативни содржини со водичи и едукатори, интерактивни активности за запознавање со природните вредности на Пелистер, како и посета на Инфо центарот и изложбениот салон на Националниот парк.
Преку овие активности се овозможува директно запознавање со биодиверзитетот, природните богатства и значењето на заштитата на животната средина, со цел развивање на еколошка свест кај младите генерации.
ЈУ Национален парк Пелистер останува посветен на континуирана еколошка едукација и унапредување на соработката со образовните институции.


















