Вчера, преку своите активности ООУ “Кире Гаврилоски” – Јане испрати моќна порака: Чиста животна средина, подобра иднина за сите!

Добро би било, секој од нас, барем еднаш годишно, да засади по едно дрвце. Тоа ќе придонесе за почиста околина, поздрава средина, почист воздух и зелена природа која ќе значи здравје и живот за сите нас.
🌸Денес е 2️⃣1️⃣Март – Денот на пролетта, Денот на екологијата па поради тоа нашето училиште го одбележа со многу настани како што се:
👉Хуманитарен турнир во мал фудбал организиран од нашите ученици од IX одделение во рамките на Ученичките иницијативи во кој учествуваа 16 екипи од сите основни училишта во Прилеп.
👉Хуманитарен турнир во организација од Црвен крст во одбојка во кој учествуваат 12 екипи со учесници од 14 до 19 години.
👉Засадување на садници цвеќиња во училишниот двор од страна на ученици и наставници од СОУ,,Орде Чопела” и претставници од проектот ,,Слоу-фуд”-Прилеп
👉Засадување на садници во дворот на нашето училиште во соработка со невладини организации и проектот ,,Slow food”.
👉Работна акција организирана од нашите учениците и наставниците во која темелно се чистат училниците, кабинетите и училишниот двор на нашето училиште.👫Целта на оваа акција е подигнување на свесноста, знаењето и ставот кон животната средина. А во исто време да се зголеми капацитетот на учениците за соработка и учество во заеднички активности – истакнуваат од ООУ “Кире Гаврилоски” -Јане во нивната објава на социјалните мрежи.



















