Ламбе Алабаковски вечерва пред Влада го запали францускиот предлог

Денешниот протест во Скопје со Химната на Република Македонија го отвори пејачот Ламбе Алабаковски, кој што на протестот истакна дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам, а веднаш потоа пред насобраниот народ го запали листот, каде покрај другите договори беше испечатен и францускиот предлог. “Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка”-истакна пејачот Ламбе Алабаковски.