Голем број од нашите македонски граѓани Новата 2026 година ја дочекаа во Будва
Една од неколкуте хит – новогодишни дестинации за кои се одлучија нашите сограѓани за дочекот на Новата Година е Будва, а оваа дестинација најмногу е посетена од страна на младите граѓани, пред се затоа што оваа година во Будва имаше спектакуларен дочек на Нова Година со едни од најголемите балкански ѕвезди.
Меѓутоа и покрај тоа, Будва важи за една од најстарите урбани туристички средини кои се наоѓаат на јадранското приморје. Будва е центарот за забава и одмор-кога станува збор за црногорскиот туризам, и самата таа е сѐ попривлечна со секоја измината туристичка година, бидејќи секоја нова туристичката сезона Будва се надополнува со некоја нова уникатна атракција. Има голема-огромна морска плажа која претставува вистинско романтично место за пешачење со својот партнер. Освен перфектно море, Будва има огромното културно наследство како и прекрасната архитектура. Поголемиот дел од архитектурата се карактеризира со венецијанско потекло. Прозорите, балконите, вратите како и многу други забележителни работи на архитектурата, го прикажуваат оној римски стил на Венецијанската Република, кој што е мошне впечатлив и интересен за туристите кои доаѓаат од целиот свет.


















