СЕКОЈА ЧЕСТ: Прилепските џудисти од “Сеишин” освоија 6 медали на турнирот во Србија


На 02.10.2022 во Бор (Србија), се одржа Меѓународниот турнир во Џудо “Среќно-2022”, кој што беше во организација на “ЏК “Бор”, и истиот беше наменет за помлади пионери-ки, пионери-ки и Кадети-ки. Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп на овој турнир настапи со 7 натпреварувачи при што освои 6 медали ( 1 златен, 3 сребрени и 2 бронзени).

Помлади пионерки:
1.Теодора Илиоска 1 во место
Пионери:
1. Давор Најдоски 3 то место
Кадетки:
1. Теа Настоска 2 ро место
2. Теона Настоска 2 то место
3. Елеонора Илиоски 3 то место
Кај кадетите одлични борби прикажа и Михаел Димоски но не успеа да избори место на пиедесталот.
Екипата ја предводеа тренерите Мартин Ристески и ветеранот Киро Здравески.
















