КРИЗАТА ВО СВЕТОТ СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Од денеска, нова цена од 30 денари за користење на јавниот градски превоз во Прилеп


Од денеска, 03.10.2022 година (понеделник), јавниот градски превоз во Прилеп ќе сообрајќа по зголемена цена, и истата од утрово изнесува 30 денари во еден правец. Иако помеѓу прилепските граѓани викендов “проструи” една лажна вест дека цената во правец ќе изнесува 50 денари, сепак тоа не е така, при што цената на билетот е зголемена само за 10 денари денари.

Зголемената цена е резултат на тоа што цената на метанот ја достигна рекордната вредност, а токму метанот е горивото кое исклучиво го користат aвтобусите на Јавниот градски превоз, (оние многу споменувани и во јавноста познати како скапо набавени).


















