| |

ЌЕ СЕ СНИМА ФИЛМ ЗА АЦА ЛУКАС: И Прилеп ќе биде дел од градовите во кои ќе се снима филмот?

Сподели го ова:





























По примерот на Тома Здравковиќ, и Аца Лукас ќе снима филм и ТВ серија за неговиот живот, а истите ќе бидат работени по неговата автобиографската книга „Ова сум јас“. Филмот ќе се снима низ градовите на поранешна Југославија, меѓу кои и Скопје. Филмот и серијата кои ќе бидат посветени на Аца Лукас ќе бидат насловени како „Кафеана на Балканот“, наслов кој што не е случајно избран, бидејќи така гласи една од неговите најпопуларните песни.

Филмот ќе се снима во Белград, Мостар, Будва, Сараево, Бања Лука, Сплит, а од македонските градови сега за сега, потврдено е снимање и во Скопје, иако во некои портали “проструи” веста дека филмот ќе се снима и во Прилеп, меѓутоа таквата вест не е потврдена од страна на организаторите кои ќе го снимаат филмот, што подразбира дека Скопје ќе биде единствениот македонски град каде ќе се снима дел од филмот посветен на животот на Аца Лукас.




Сподели го ова:

Слични објави