ИСПОЛНЕТО Е УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ: Oд денеска се започнува со реализација на уште едно предизборно ветување

Oткако се направи избор на најповолна понуда за изведувач кој што ги исполнува сите потребни услови во тендерската постапка за реконструкција на Плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, од денеска-понеделник 30.05.2022 година, започнува реконструкцијата на прилепскиот плоштад на потегот од споменикот на Пеце Атанасоски до ООУ „Кочо Рацин“.
Кракот што ќе се реконструира е во должина од 216 метри, има просечна ширина од 13,5 метри или вкупна површина некаде околу 3000 метри квадратни. Станува збор за инвестиција во вредност од околу 25 милиони денари. Зборот е збор!


















