ГАЛЕРИЈА: Ѕирнете како изгледа новата градинка во Точила

Сподели го ова:























Иако претходната локална власт во Прилеп, најави дека ќе отпочне со работа нова градинка во Точила, тоа не се случи. Всушност, еден месец пред парламентарните избори, бевме сведоци на некакво придвижување поврзано со изградбата на градинката во населба на Точила, но како и многу други проекти на СДСМ, изградбата застана уште на самиот почеток-истакнуваат дел од прилепчани.

Меѓутоа, со текот на времето работите во однос на изградбата на новата градинка во населбата Точила, не само што си влегоа во колосек, туку и тие се веќе при крај. Денес, градинката е речиси готова, а сето она што денеска објективот на “STANICA.MK” го “улови” на терен, Ви го прикажуваме преку слики-во прилог на оваа објава. Станува збор за модерен објект изграден по високи стандарди, а во склоп на градинката веќе е поставен и детски парк кој што нуди различни, и пред се, примамливи детски содржини. По се, изгледа дека од Септември, најмладите во Прилеп ќе уживаат, ќе се едуцираат и надоградуваат во еден преубав амбиент и детски парк кој што ќе создаде голем број на детски насмевки и спомени од најраната детска младост, спомени кои се паметат и остануваат врежани во нашето сеќавање, како едни од најдрагоцените спомени од нашето детство.

Со ваквите проекти, повеќе од сигурни сме дека на граѓаните ќе им се олесни секојдневното функционирање, затоа што порелаксирано ќе ги извршуваат своите работни обврски, а децата ќе напредуваат и ќе се социјализираат.



Сподели го ова:

Слични објави