Веселите Ѕвончиња утре ќе го отворат “Оpen beauty Hair Fest – Прилеп 2022”

Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, како модерен-детски светски бренд, и како најактуелен детски музички фестивал во нашата земја, оваа сабота ќе го отвори фризерското детско шоу на “Оpen beauty Hair Fest Прилеп 2022”, каде учесниците од последното фестивалско издание од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кои се од повеќе градови, ќе настапат на “Оpen beauty Hair Fest Прилеп 2022”.
Организатор на фестивалот “Open beauty Hair Fest” е Здружение за настани, манифестации и едукации ПРОЕВЕНТ – Прилеп во соработка со Секцијата на фризери, бербери и козметичари – Прилеп. Имено, Open beauty Hair Fest оваа година ќе се состои од повеќе точки. Годинава ќе има сценски шоу-настапи на еминентни фризерски имиња од нашата земја, а исто така ќе има и специјални гости-два тима од Србија, кои што се европски и светски носители на награди и едукатори во фризерството. На годининешното издание на овој фестивал ќе има и саем со штандови на кој ќе се претстават еминентни светски брендови за производи на нега на коса, алати и опрема од Македонија, Србија и Италија. Фестивалот “Open beauty Hair Fest” започнува оваа сабота во 11 часот во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, а наскоро од Здружението за настани, манифестации и едукации ПРОЕВЕНТ – Прилеп ќе објават од каде може да се набават билетите за Open beauty Hair Fest.


















