ТРАДИЦИОНАЛНО: И годинава прилепчани на “Голем Петок” во манастирот св. Арахангел Михаил во Варош

Сподели го ова:





























Овој петок е “Голем Петок”, првиот петок после Христовото Воскресение –Велигден. Овој празник уште се нарекува и Излечив Петок, зашто постои верување кај луѓето дека ако утрово си ги измијат рацете и лицето на првиот извор,тоа ќе им донесе ослободување од болестите што ги имаат. 

И годинава “Голем Петок” е радосен ден за прилепчани, кои уште од рано утрото во петок, традиционално ќе го посетат манастирот св. Арахангел Михаил во Варош. По повод овој голем празник, голем дел од прилепчани ќе запалат свеќа во овој манастир. Нека е честит денешниот голем, христијански празник!




Сподели го ова:

Слични објави