ВИДЕО: Перканоска во улога на генерален менаџер, уште од самиот старт ги детерминираше и зацртуваше патиштата кои денес “Авто Контрол” го искачија високо на врвот


Кога станува збор за квалитетот, сигурноста и безбедноста, тогаш несомнено станува збор за ”Авто Контрол”, најсовремената станица за технички преглед и најактуелниот сервис на моторни возила. Меѓутоа, за да се создаде ваков вистински бренд, потребна е голема посветеност и правилен начин на менаџирање, каде што задоволството на клиентите се става на прво место. Круцијална улога при менаџирањето на “Авто Контрол” има генералниот менаџер на оваа компанија-Даниела Перканоска, која што оваа најсовремена станица за технички преглед уште од самиот почеток, ја води на најефикасен и најефективен начин, при што благодарение на ваквиот начин на менаџирање и беспрекорната улога која што ја нуди “Авто Контрол”, денес оваа станица за технички преглед се искачи високо на врвот.
Перканоска, како генералниот менаџер на ”Авто Контрол”, заедно со нејзиниот сопруг Љупче, уште од самиот старт од основањето на оваа најсовремена станица за технички преглед и сервис на моторни возила, си поставија јасно определени-зацртани цели кои денеска се целосно постигнати, благодарение на вистинскиот начин на менаџирање. На ваков начин, преку ефикасно и ефективно менаџирање, Перканоска во улога на генералниот менаџер уште од самиот старт ги детерминираше и зацртуваше патиштата кои денес “Авто Контрол” го искачија високо на врвот.
Врз основа на ова, несомнено е што Даниела Перканоска од страна на Aгенцијата “Maрили” беше прогласена за една од 20-те најуспешни жени менаџерки во нашата земја за 2022 година. По тој повод, Aгенцијата “Maрили” направи и едно интервју со Перканоска, каде што самата таа објаснува што е потребно за да една компанија и една жена менаџер се искачат високо на врвот, односно до местото каде што денеска ”Авто Контрол” заслужено се наоѓа.