Во Прилеп започна откупот на тутунот

Сподели го ова:























Денеска во Прилеп започна откупот на тутунот. Оваа година тутунарите очекуваат реколтата да тежи многу помалку од самите потребни количини, односно околу 19.000.000 килограми. Во однос на склучените договори, битно е да се нагласи дека договори се потпишани за 22.000.000 килограми тутун. Дали сето ова ќе предизвика тутунарите да ја добијат реалната цена за својот труд, останува да видиме. Како што истакнуваат дел од тутунарите кои ги исконтактира нашата информативна екипа се доаѓа до констатација дека тутунот за разлика од минатата година им е со доста подобар квалитет, а дали самите тие ќе постигнат добра цена за својот макотрпен труд-останува да видиме.



Сподели го ова:

Слични објави