ТРАГЕДИЈА: 11 новороденчиња изгореа во пожар во болница
Голема трагедија се случи во сенегалскиот град Твауан каде единаесет новороденчиња го загубија својот живот во пожар кој што го зафатил неонаталното одделение на регионална болница во Твауан-сенегалскиот град, кој се наоѓа околу 120 километри источно од главниот град Дакар.
Пожарот избувнал во болницата Мама Абду Азиз Си Дабак во Тивауан“, а според првичните сознанија причина за трагедиајта е краток спој во електричната инсталација на болницата. Како што пишуваат тамошните медиуми, пожарот избивнал во неодамна отворената болница „Мама Абду Азиз си Дабах“.


















