Во САД е излекувана првата жена од СИДА

Сподели го ова:
























Во САД со помош на трансплантација на коскена срцевина на донор кој што поседувал природен имунитет на вирусот што ја предизвикува болеста, успешно е излекувана жена од СИДА-изјавија американските научници. Станува збор за првата излекувана жена во САД, меѓутоа ова е веќе трет ваков случај во оваа земја, бидејќи претходно се излекувани две лица од машки пол. Станува збор за средовечна жена која била од мешана раса, и истиот овој случај бил претставен на научната конференција за ретровируси и инфекции во Денвер. Исто така треба да се истакне дека станува збор и за првата личност која што се лекува со една новата метода која што опфаќа матични клетки од крв од папочна врвца. Пациентката добила крв од папочна врвца за третман на акутна миелоидна леукемија, која што претставува една форма на рак која што се формира во клетките, кои што пак клетки формираат крв во коскената срцевина. Моментално оваа жена е во фаза на ремисија и е излекувана од СИДА по само 14 месеци.




Сподели го ова:

Слични објави