ЈОВЧЕСКИ ВЕТИ-И ИСПОЛНИ: СЕ ВРАЌА ФЕСТИВАЛОТ НА ПИВОТО ПОСЛЕ ДВЕ ГОДИНИ ПАУЗА
Фестивалот на пивото, повторно се враќа во Прилеп после две години пауза, веднаш после петровденските пости оваа година. Како што вети прилепскиот градоначалник Борче Јовчески така и направи, при што повторно после две годишна пауза, Фестивалот на пивото се враќа во Прилеп. Од страна на локалните власти се прават последните подготовки за годинешното фестивалско издание на најактуелниот пиво фестивал. Кои ќе бидат учесниците, останува да видиме, бидејќи и тие за скоро ќе бидат објавени. Наскоро, цел Прилеп ќе ужива во пивото, музиката и забавата која ја создава овој фестивал во летниот период во Прилеп.


















