Митко Јанчев: Како и во многу работи, така и во фудбалот Кавадарци било и ќе биде на врвот

Денеска, фудбалерите на ФК “Тиквеш” со убедлива победа во Струмица, ја совладаа екипата на “Воска Спорт”-Охрид со 4:1. На ваков начин, кавадарчани обезбедија опстанок во Првата фудбалска лига. Имено денеска, во боите на ФК “Тиквеш” беше облечен и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој што цело време-како и сите овие години наназад, искрено од срце ги подреше фудбалерите на ФК”Тиквеш”. Колку за потсетување, Јанчев е голем поддржувач на овој фудбалски клуб, а за денеска лично тој обезбеди и бесплатен превоз за навивачите. Откако ФК “Тиквеш” издвои убедлива победа, со песна се славеше во соблекувалните во Струмица каде стручниот штаб и фудбалерите го извикуваа името на градоначалникот на општина Кавадарци-Митко Јанчев.
Веднаш после победата, се огласи и градоначалникот Јанчев, при што истакна: “Почитувани играчи и тим на ГФК ТИКВЕШ! Како прв човек на градот, воедно и нашиот градски клуб ГФК Тиквеш, со нетрпение чекам да заврши утакмицата и да ве пречекам во нашиот град Кавадарци. Како и во многу работи, така и во фудбалот Кавадарци било и ќе биде на врвот. Вашата професионалност е наша гордост момци, до крај! Напред за победа ! Кавадарци за сите, а ние за Кавадарци!”-истакна Митко Јанчев, градоначалникот на општина Кавадарци и човекот кој што сите овие години наназад, со душа и срце, искрено и гордо навива за ФК “Тиквеш”, фудбалскиот клуб кој претставува еден од најголемите и најзначајните симболи на Кавадарци.


















