Вечерва на ТВ проследете го 94-то доделување на Оскарите

Сподели го ова:


Можно е да е слика од 3 луѓе и текст кој вели „平 MOVIE LOVERS MOVIELOVERSUNITE MOVIELOVERSUNITE UNITE OSCARS HOSTEDBY AMY SCHUMER WANDA SYKES REGINA HALL LIVE SUNDAY MAR LIVESUNDAYMAR27 27 abc“

94-то доделување на Оскарите ќе се случи денеска, 27-ми март, а Македонстата Радио Телевизија ќе врши ексклузивен ТВ пренос. Имено, Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2021 година. На Оскаровската церемонија ќе присуствуваат најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните-па се до презентерите на наградите. До сега присуство на оваа манифестација најавија Хали Бери, Ентони Хопкинс, Кевин Костнер, Џејсон Момоа, Џон Траволта, Џејми Ли Кертис, Џејк Џиленхол, Лејди Гага, Шон Мендез…На овогодинешната манифестација Бијонсе, Риба Мекинтаер, Себастијан Јатра и Били Ајлиш, ќе ги изведат номинираните филмски оригинални песни, а исто така оваа година публиката ќе има можност да проследи и сегмент кој што е посветен на 60 години од првиот “Бонд филм” и 50 години од снимањето на филмот „Кум“. За првпат како водителки на Оскаровската церемонија ќе бидат Ејми Шумер, Реџина Хол,и Ванда Сајкс





Сподели го ова:

Слични објави