СЕКОЈА ЧЕСТ: За само 9 месеци, оваа црковна народна кујна подели над 50.000 бесплатни оброци на сиромашни граѓани
Секоја чест! За само 9 месеци, црковната народна кујна која функционира во склоп на хуманитарната организација св. Спас во Скопје, подели над 50.000 бесплатни оброци на сиромашни граѓани.
“Како што знаете, нашата црковно народна кујна функционира од 15 септември минатата година, т.е. точно девет месеци и до денес подготвивме и поделивме речиси 50.000 оброци на три локации во Скопје. Во овие девет месеци се соочивме со многу предизвици: недостаток на намирници, загуба на нашиот сакан готвач чичко Спасе, немавме простор за готвење, немавме готвач…, но благодарение на Бога и на нашите поддржувачи, успеавме да ги надминеме сите проблеми и продолжуваме со борбата против гладот. Денес, благодарение на сите вас, секојдневно ни пристигаат намирници, храната ја подготвува најдобриот готвач Blagojce Vasilevski во една од најопремените кујни (која великодушно ни да отстапи црковниот одбор и браќата при храмот Св.ап. Петар и Павле- Горно Лисиче)” -истакнуваат од хуманитарната организација св.Спас, во нивната објава на социјалните мрежи.