|

Не им беше проблем да пливаат 25 км! На 37-миот Охридски пливачки маратон бразилецот Матеус Еванжелиста и французинката Каролин Жуис ги освоија првите места

Сподели го ова:


























Бразилецот Матеус Еванжелиста и французинката Каролин Жуис се победници на 37. Охридски пливачки маратон. Тие остварија најдобар резултат на 25-километарската патека “Климе Савин” од Охрид до Свети Наум.

Еванжелиста ја преплива патеката за време 5 часа 45 минути и 5 секунди, а Жуис за 5 часа, 46 минути и 51 секунда.

На финишот кај градскиот кеј, втор во машка конкуренција беше Марсел Схауле од Холандија со време од 5 часа, 46 минути и 50 секунди, а трето место беше македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев со 5 часа, 46 минути и 52 секунди.

Во женска конкуренција втора на целта пристигна Мајте Пука од Аргентина со време од 5 часа 52 минути 36 секунди, а на третата позиција се најде Инес Делакроа од Франција со време од 5 часа, 57 минути и 18 секунди.




Сподели го ова:

Слични објави