Во театарот „Војдан Чернодрински“ наскоро нова премиера за претставата „Декамерон“

Во театарот „Војдан Чернодрински“ денеска се одржа прес конференција за новата премиера „Декамерон“ според Бокачо, во режија на Мартин Кочовски.На прес конференцијата зборуваа в.д. директорот Јасмина Мицовска Станкоска, режисерот Мартин Кочовски, драматургот Лидија Митовска – Ѓорѓиевска,актерите Наташа Ачански и Александар Степанулески и сценографот Филип Јованоски.Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост, но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста.
Режија: Мартин Кочовски
Драматизација: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија: Филип Јовановски
Костимографија: Јулијана Војкова-Најман
Музика: Оркестарот на Театар „Војдан Чернодрински“ под водство на Пеце Трајковски-Брада
Вокал и музички соработник: Ана Митоска
Играат:Александар СТЕПАНУЛЕСКИ
Наташа АЧАНСКИ
Здравко СТОЈМИРОВ
Илија ВОЛЧЕСКИ
Димитар ЃОРЃИЕВСКИ
Марија СПИРКОСКА-ИЛИЈЕСКА
Ангела НАУМОСКА
Игор ТРПЧЕСКИ
Михајло МИЛЕНКОСКИ
Андон ЈОВАНОСКИ
Александар ТОДЕСКИ
Димитар ЦРЦОРОСКИ
Цветанка ЧАВЛЕСКА
Сара СПИРКОСКА
Леонардо ЛАЗОВ