Анализите покажуваат дека прилепчани се задоволни од досегашната работа на прилепскиот градоначалник Јовчески и од работата на Советот со која раководи Претседателот – Дејан Проданоски

Сподели го ова:
























Нашиот информативен портал “STANICA.MK” – како еден од “двата најчитани информативни портали од нашиот регион”, кој што само на нашата официјална Facebook страна имаме над 23.000 постојани следбеници – (во кои што не е вкалкулиран бројот на сите оние другите, кои секојдневно ги следат нашите информации 24/7), постојано е насочен кон навремено 24 часовно информирање за сите актуелни случувања, како во Прилеп, така и во Пелагонискиот регион. Врз основа на сето тоа, нашиот информативен тим кој што е предводен од страна на професионални новинари, направи една анализа која е базирана на добиените мислења од страна на прилепчани во однос на тоа – колку нашите граѓани во општина Прилеп се задоволни од досегашната работа на прилепскиот градоначалник Јовчески и од работата на Советот, со која раководи Претседателот – Дејан Проданоски.

Врз основа на добиените резултати, може да се констатира дека некаде околу 73% од прилепчани се задоволни од работата на прилепскиот градоначалник и од работата на Советот на Општина Прилеп, 12% не се задоволни од досегашната работа, додека пак остатокот од 15% припаѓа на онаа категорија на прилепски граѓани кои што сметаат дека сеуште е рано, да се даде конкретен одговор за работата на градоначалникот и Советот на општина Прилеп.

Ако направиме еден детален преглед на овие резултати, можеме да заклучиме дека најголем дел од нашата спроведена анализа (која што е базирана врз добиени веродстојни одговори од страна на прилепчани), најголемиот дел од нив-и тоа цели 73% покажуваат дека прилепчани се задоволни од досегашната работа на прилепскиот градоначалник Јовчески и од работата на Советот со која раководи Претседателот – Дејан Проданоски.

Имено, сето ова се должи на постојаната континуирана работа на прилепскиот градоначалник и Советот, и покрај постојаните кочници и препреки од неколку страни, како политички, така и медиумски кои сакаат да прикажат една лажна негативна слика. Резултатите се очигледни и видливи, за неколку месеци Јовчески и Проданоски креираа таква успешна политика со помош на која креираа најмалку два пати повеќе во однос на она што СДСМ го направи во Прилеп претходните четири години….Замислете, речиси двојно повеќе направија Јовчески и Проданоски за само 5-6 месеци за разлика од СДСМ кои беа на локалната влас во Прилеп-претходните 4 години -истакнуваат прилепчани.

Резултатите од ваквата анализа пред се, се должат на тоа што секојдневно Јовчески и Проданоски работат во интерес на Прилеп и прилепчани, заедно со советниците и Директорите од Јавните прилепски претпријатија. Имено овие 5-6 месеци се работеше на оспособување и враќање во функција на фонтаните во центарот на град Прилеп, а воедно и негово разубавување. Екипите на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп во месец ноември минатата година, направија увид на состојбата на фонтаните, при што беше констатирана нефункционалната состојба и се започна со конзервација на истите. Со започнување на пролетната сезона ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп со сопствени средства пристапи кон санирање, оспособување и враќање во полн сјај на фонтаните во центарот на градот. Сликите на истите пред, и сега, можат само да го потврдат тоа. Јавното претпријатие направи напори и презеде мерки за пуштање на фонтаните во нормално функционирање, а со тоа се врати убавиот и естетски лик на градот. Фонтаните во иднина ќе продолжат да го разубавуваат Прилеп, а ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп нема да дозволи да биде доведено под знак прашалник нивното одржување. Функционалноста, одржливоста и развојот на јавното претпријатие се приоритетите кои се водечки сегменти за раководството на истото.

Што се донесува пак до ЈКП “Комуналец”-Прилеп може да се заклучи дека новото раководство повторно го врати сјајот во Прилеп, постојано чисти улици, насекаде корпи за отпадоци… Во Прилеп се обновува се што вредело, а минатите години било запоставено. Прилеп ќе биде општина со чисти улици и средени паркови. Со оглед на големата посетеност на паркот кај Судот и барањето од граѓаните да се обнови куќарката, пред само неколку недели беше поставена нова куќарка на местото на дотраеното и пресечено дрво на кое што беше поставена старата куќарка. Летово, овој парк ќе добие нови содржини за забава на најмладите, и релаксација на сите прилепчани.

Како што истакна градоначалникот Јовчески, кога ја презел локалната власт, на општината вкупните обврски, во кои спаѓаат тековните обврски, долгорочните обврски и обврските по договори за јавни набавки претставуваа висок износ од 292.562.164,00 денари или околу 5 милиони евра. Односно тековните обврски изнесуваа 32.196.697,00 денари, долгорочни обврски изнесуваа 112.415.339,00 денари и превземените обврски по јавни набавки се 147.950.128,00 денари.

Почнувајќи од 01.01.2022 година Општина Прилеп воведе и еднократна финансиска помош за секое новоредно дете во општина Прилеп, нешто што досега не се случило и претставува нов проект и голема помош за сите прилепчани. Преку субвенционирање на семејствата со доделување на еднократна парична помош од 6.000 денари материјално ќе се помогне во покривање на дел од првичните трошоци на семесјтвата за обезбедување на соодветни услови за новородените деца, а исто така ќе влијае и на поттикнување на наталитетот, а со самото тоа и зголемување на природниот прираст во нашата општина. За реализација на Програмата во Буџетот на Општината за 2022 година се предвидени средства во висина од 3.600.000,00 денари.

Најголемо внимание ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во координација со Локалната Самоуправа, посвети на чистење на дивите депонии. И покрај тоа што временските услови не овозможија непречена работа, сепак општината во првите 100 дена работа успеа да исчисти над 1.200 м3 мешан комунален отпад и градежен шут, од многу локации низ градот и околните викенд населби каде што долго време не било исчистено и реагирано по однос на овој проблем. Исто така изграден е нов детски парк на јавна површина во кругот на градската болница во Прилеп. Детскиот парк се изгради на барање на жителите од овој дел на градот затоа што немаат вакво катче во близина, а со оглед на тоа што во тој реон нема друга слободна јавна површина, одлучено е паркот да се изгради во кругот на болницата. Паркот е со површина од 200м2, и содржи детски реквизити за забава, клупи за одмор и релаксација, и со оградена површина заради безбедност.

За прв пат од постоењето, јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање се наоѓа во фаза на пуштање на приградска линија на автобускиот градски превоз за превоз на патници до населените места: Лагово, Беровци, Алинци, Тополчани, Ерековци, Канатларци и Подмол. Исто така во следниве неколку месеци интензивно се започнува со реализација на повеќе клучни проекти за Прилеп и за сите сограѓани со кои што ќе се најават промените кои што ќе следат, а такви се следните:

• Реконструкција на Плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ на потегот од споменикот.

• „Пеце Атанасоски“ до ООУ„Кочо Рацин“ со површина од 2.800 м2 која треба да започне во втората половина на месец март.

• Kомплетна реконструкција на влезот на градот во правец Крушево – Прилеп, односно улица „Леце Котески” која покрај постоечките сообраќајни ленти опфаќа и дополнителни пешачки и велосипедски патеки со предвидена должина од 2.130 метри.

• Вградување на завршен слој на асфалт на улиците во индустриска зона „Металец“.

• Изградба на катна гаража помеѓу зградата на Поштата и Општинската зграда со капацитет од 76 возила.

• Изградба на монтажна катна гаража со капацитет од 74 возила, на ул. Илка Присаѓанка.

• Партерно уредување со паркови и зеленила во населба Точила околу К-зградите каде што жителите од оваа населба ќе можат да се рекреираат.

• Изградба на голем парк до црквата Св.Петка во населбата Точила

• Доизградба на детската градинка во населба Точила со капацитет од 250 деца.

Континуитетот на работа Општина Прилеп ќе го продолжи и ќе го засили со реализација на сите проекти кои што ги ветија пред прилепчани: инфраструктурни, локален економски развој, животна средина, комунална и водоводна мрежа, земјоделие, образование, спорт, култура како и во делот на социјална и здравствена заштита. Во сите овие сфери како што истакнуваат од Општина прилеп имаат детално разработени и остварливи проекти кои што плански и етапно заедно со граѓаните ќе ги реализираат во текот на мандатот ма градоначалникот Јовчески.

Сето ова ја потврдува и нашата направена анализа во вид на неформална анкета, според која што 73% од прилепчани се задоволни од досегашната работа на прилепскиот градоначалник Јовчески и од работата на Советот со која раководи Претседателот – Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави