РАДОСТА Е ПРОПАСТ НА ТАГАТА: Денешниот ден започнете го со насмевка!
Добро утро! се надеваме дека додека ја читате оваа наша објава, го пиете Вашето прво утринско кафе, онака релаксирано во мир, и се подготвувате за новите работни предизвици кои што ги нуди оваа нова работна седница – која штотуку започна. Ова, привидно постудено летно утро, нека не Ве направи мамурни-туку напротив, нека Ви достави до знаење дека мамурните лица се оние кои не успеваат, додека оние храбрите кои што постојано се борат- без разлика во какво време моментално живееме, секогаш успеваат – порано или подоцна. И не заборавајте, неделата да ја започнете со насмевка, бидејќи РАДОСТА Е ПРОПАСТ НА ТАГАТА!
Успехот посекако ќе дојде-тогаш кога најмалку очекувате, а наше е да си го работиме она што го сакаме и она што најмногу уживаме- а тоа е навремено и објективно секогаш да Ви ги презентираме најновите податоци и информации 24/7. Само така се стекнуваат континуирани-редовни читатели кои што со само еден клик на “STANICA.MK” ги добиваат најновите информации на дланка.