Двајца прилепчани станаа нови Балкански шампиони во џудo, и тоа во највозрасната ветеранска конкуренција
На Балканското првенство за ветерани во џудо, кое се одржа на 30.11.2024 во Аминдео Грција, репрезентативците и членови на ЏК Сеишин-Прилеп ги освоија следните резултати:
1. Киро Здравески -66 кг./ М9, Златен Медал
2. Марјан Димески -90 кг./М7, Златен Медал.
Со ова ЏК Сеишин има двајца нови Балкански шампиони и тоа во највозрасната ветеранска конкуренција. Покрај тоа што Киро Здравески беше натпреварувач, воедно истиот тој ја предводеше и Ветеранската Репрезентација на Македонија како селектор.
Џудо клубот Сеишин им честита на своите членови кои треба да претставуваат пример за помладите генерации, со што се докажува дека џудо спортот нема возрасни граници како за тренинг така и за натпревари.