|

СЕТО ОНА ШТО Е КВАЛИТЕТНО – ТРЕБА ДА СЕ ПОЗДРАВИ: Вечерва, прилепскиот театар преку “Глембаеви” ќе се претстави пред струмичката публика

Сподели го ова:
















Вечерва, прилепскиот театар преку претставата “Глембаеви”, ќе биде дел од 30-тото издание на театарскиот фестивал “Ристо Шишков” во Струмица. Претставата започнува вечерва во 20:15, а од наши извори дознаваме дека билетите за оваа претстава се продадени во рекордно време , така да “билет нема ниту за лек”!

Сето ова е уште една потврда дека прилепскиот театарски ансамбл е надалеку познат и препознатлив по својот извонреден квалитет. (Текстот за оваа објава, продолжува веднаш после рекламите, кои следат во прилог)

Инаку, Глембаеви едноставно не се реалност, туку фикција, евентуално равенство со компоненти на стварност, но со резултати на фикција. Или обратно … глембаевските ликови никогаш не се обидуваат да ја сокријат својата литературна провиниенција. Камо среќа да имавме во времето на таа драма, а и во некогашната наша социјалистичка стварност, така хумани, па и демагошки хумани, добростоечки богаташи наклонети кон духовност од секој вид, од религиска до артистичка, кои на своите синови би им овозможиле повлекување или би им допуштиле бегство во уметничка бесполезност. Да имавме такво нешто, ние денес немаше да бидеме сведоци на анимална акумулација на капиталот и распад на секаква присебност.

Режија и адаптација: БРАНКО БРЕЗОВЕЦ, композитор: НИКОЛА МИЦЕВСКИ, сценографија: ИВАНА КНЕЗ, костимографија: СУЗАНА БРЕЗОВЕЦ, тон: TOME TEMEЛКОСКИ, драматуршка соработка: ЛИДИЈА МИТОСКА-ЃОРЃИЕВСКА, соработник на сценографот и сликарски работи: ПЕЦЕ РИСТЕСКИ. Во претставата играат:АНДОН ЈОВАНОСКИ, ДАНИЕЛА ИВАНОСКА, ЗОРАН ИВАНОСКИ, АНГЕЛА НАУМОСКA, ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ,  ИСИДОР ЈОВАНОСКИ, ТРАЈЧЕ ИВАНОСКИ, ИГОР ТРПЧЕСКИ И АНА МИТОСКA.







Сподели го ова:

Слични објави