ОД СДСМ СЕУШТЕ МОЛК! НЕ МОЖАТ ДА ОДГОВОРАТ НА ПРАШАЊАТА КОИ ШТО ГИ ПОСТАВИ ПРОДАНОСКИ ДО ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕСКИ

Сподели го ова:
























Како што информиравме во текот на вчерашниот ден, во нашиот град вчера, во градската прилепска болница, во посета дојде премиерот Ковачески заедно во придружба на министерот за здравство, Беким Сали. Меѓутоа, Претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Дејан Проданоски веднаш потоа, одржа прес-конференција каде упати низа конкретни прашања до Ковачески, меѓутоа од СДСМ до овој момент додека нашиот информативен тим ја пишува објава, сеуште од нивна страна има само молк, и сеуште нема одговор на низата конкретни прашања кои што ги упати Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Дејан Проданоски.

Како што дознаваме од наши информативни извори, прашањата кои што ги упати Проданоски до премиерот Ковачески, биле и прашања од многубројни прилепчани кои биле револтирани од нискиот степен на менаџирање на прилепската болница последниве неколку години.

Колку за потсетување, во прилог повторно Ви ја прикажуваме целосната прес-конференција на Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски.

Почитувани, Денес во посета на прилепската болница дојде Димитар Ковачевски, по повод пуштање во употреба на апарат и оддел за магнетна резонанца. Колку за потсетување, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, крупните инвестиции во здравството беа секојдневие. Сега, дури после 5 години власт на СДСМ, конечно ние прилепчани, дочекавме некаква инвестиција во прилепската болница, во истата болница каде за време на грејната сезона немаше затоплување. Во болницата каде мамографот подолг период не е во функција и апартите не се одржуваат, во болницата во која долгот е сериозно зголемен од кога ја менаџираат кадри на СДСМ. Како не му е срам на премиерот Ковачески да доаѓа во болницата во која имаше најмногу смртни случаи за враме на Ковид – пандемијата! Прашуваме, зошто Ковачевски, повторно ги избегна тутунарите, на кои сеуште не им се исплатени субвенциите? Ги праша ли воопшто некој од владата овие луѓе како набавуваат репроматеријали и нафта, како преживуваат и како врзуваат крај со крај? Дали е целта уништување на тутунопроизводството, се со цел задоволување на фамилијата т.е. мафијата да го користи регионот за производство на марихуана? Какви мерки презема Ковачески за безбедносната состојба во Прилеп кој се повеќе наликува на нарко мафијашки град во кој секојдневно има тепачки, пукање со огнени оружја во угостителски објекти, запалени автомобили, тешки кражби и убиства? Дали ваквата состојба се должи на поддршката на сторителите на криминал од страна на истакнати функционери на СДСМ во Прилеп? Дали ќе преземе нешто против сериозните скандали за вмешаност во криминал на високи полициски службеници? За жал неспособноста на Ковачевски и владата предводена од СДС најмногу ја чувствуваат граѓаните на свој грб. Во овие 100 дена старо-нова влада предводена од Ковачевски, како продолжена рака на деструктивните политики на Зоран Заев, нема ништо друго освен растечка сиромаштија, високи цени на основни прехранбени продукти, зголемени сметки и давачки, национално понижување, тргување со националните интереси.Почитувани, на Македонија и’ се потребни предвремени избори час поскоро, бидејќи тоа е единствениот начин за спас од неспособноста на СДСМ и Ковачевски. Избори, за да се стави крај на недомаќинското работење, нерационалното трошење пари, огромното задолжување, крај на бедата и сиромаштијата кои ги имаат зафатено граѓаните-истакна Проданоски на вчерашната негова прес-конференција за новинарите-пред влезот на прилепската болница.




Сподели го ова:

Слични објави