Поранешен командир на на шумската полиција вплеткан во криминални активности со дрва
До 1 август 2024 година бил командир на шумската полиција во Крива Паланка, а пред вчера бил фатен ЛИЧНО – вплеткан во криминални активности со дрва и тоа, ни повеќе, ни помалку, ЛИЧНО како шофер на камион кој е одземен со дрва, а ги превезувал од Крива Паланка за Кратово. Ова го соопшти зам.Генералниот доректор на ЈП Национални шуми Кирењ Михаилов кој што истакна:
“ДА, ДОБРО ЧИТАТЕ, ШУМСКИ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ДО ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ БЕШЕ КОМАНДИР ВО ШПС КРИВА ПАЛАНКА, А СЕГА Е ОБИЧЕН ШУМСКИ ПОЛИЦАЕЦ, ПРЕД ОКОЛУ 1 ЧАС Е ЛИЧНО ФАТЕН КАКО ВОЗИ КАМИОН СО ОГРЕВНИ ДРВА КОИ СЕГА СЕ ОДЗЕМЕНИ И СЕ ПРЕДМЕТ НА ПООБЕМНА ИСТРАЖНА ПОСТАПКА
Па добро бре, дали не ви стана јасно дека времињата се сменија и дојдоа нови дечки
Па нели ме слушате во изјавите кога велам НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КРИМИНАЛОТ и дека секој кој ќе биде фатен во криминални активности ќе биде земен на одговорност и ќе биде изведен пред лицето на правдата
Или, до толку сте заслепени од лесните пари штом ова сеуште вака го правите, а
Јас друго објаснување за ова немам
Денеска и на територијата на ПШС “Плачковица” во Радовиш одземени превозни средства и конфискација на бесправно посечена огревна дрвна маса
Дефинитивно, ова што го работеле во изминативе години е толку страшно, толку големо, криминалот е толку длабоко вмрежен во институциите што на каде и да се свртиш, не да е труло, не да смрди, корне на криминал” – истакна Михаилов.=