ЖАЛОСНО! Некој сака да ја уништи убавината на црковниот двор во црквата св.Петка во Прилеп??
Додека управата на нашиот храм упорно се труди да ги разубави, некој упорно се труди да го нагрди храмот и дворот околу него. Додека вработените при храмот садат цвеќиња за облагородување на дворот, некој ги корне и крши.
-Еве стигнавме дотаму да бидат откорнати и украдени пресно насадени цвеќиња. Најинтересно е што вредноста на овие цвеќиња не надминува 300 денари. Ете дотука стигнавме! Сите прилепчани се обидуваат да придонесат нешто во полза на храмот, а неколкумина ја погазуваат нивната несебичност.
Срамота! Во иднина, ако некому од овие што крадат цвеќиња имаат потреба од цвеќиња, слободно нека кажат какви цвеќиња сакаат, и која боја, пред да ги насадиме и ќе им ги подариме.
Ги поздравуваме “љубителите” на цвеќиња, дека иако моментално не ги виделе камерите, сепак нека знаат дека Бог ги гледа, а за многу кратко време, од само неколку дена, и камерите ќе ги гледаат, а тогаш управата на храмот воопшто нема да се двоуми јавно да ги објави па да бидат видени од целата прилепска јавност и пошироко – стои во објавата на храмот Св. Петка.