ЕВЕ КАКВО ЌЕ БИДЕ ВРЕМЕТО ЗА ВРЕМЕ НА МАЈСКИОТ ИЗЛЕТ: Дали врнежливото време ќе им го расипе на излетниците “1-ви и 2-ри Maj”?

Сподели го ова:


























Од денеска започна долго-очекуваниот продолжен викенд, за кој што граѓаните со нетрпение го чекаа. Меѓутоа прогнозите на метеролозите започнаа да се остваруваат, при што како самите тие најавија, така и се случи (барем сега за сега). (Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното соопштение за најголемиот детски спектакал во Прилеп-Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA ” кој ќе се одржи оваа година на 07.05.2022 во НУЦК “Марко Цепенков” и ќе понуди 16 ново-компонирани детски музички хитови).

Имено, според нив, викендов и на 2-ри мај ќе биде облачно и проследено со врнежи кои што ќе започнат уште од денеска после 19 часот. Нивната прогноза се оствари, барем за пелагонискиот регион каде што дождот околу 18 часот ги “натопени” прилепските улици и излетничките места, при што за сите оние кои утре планираа да бидат на отворено и мајскиот излет да го поминат на трева-нивните планови се пропаднати.

Времето утре ќе биде променливо, облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура во Пелагонискиот регион утре се очекува да достигне до 17 степени. Што се однесува за времето во понеделник, можеме да констастираме дека ќе биде исто како и утре, односно променливо, облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а температурата во пелагонискиот регион во понеделник ќе достигне до 18-тиот степен. Како и да е, одењето на излет следните два дена, на отворено во излетничките места- моментално не е баш најдобра опција.




Сподели го ова:

Слични објави